Екипата од Енфилд стави точка на шпекулациите за иднината на Филипе Кутињо, откако Бразилецот потпиша нов и побогат договор со „црвените“ од 2022 година.


Бразилскиот репрезентативец ќе заработува по 150 000 фунти неделно и ќе биде најплатен во клубот после 1 јули откога ќе стартува на сила новиот договор.

– Многу сум среќен што потпишав нов договор со клубот кој цврсто верувам во мене. Никогаш не сум помислувал да заминам затоа што јас сум многу среќен во Ливерпул. Сега нам ни преостанува да работиме напорно и да ги израдуваме навивачите. – рече Бразилецот.


24-годишниот фудбалер во Ливерпул се пресели од Интер во јануари 2013 година за скромни 8.5 милиони фунти. Неговата вредност на трансфер пазарот по четири години минати во дресот на „црвените“ се проценува околу 60 милиони евра.

Кутињо зад своето име има запишано 163 настапи за составот на Ливерпул и има постигнато 34 голови.

OhridNews