Германскиот стручњак на клупата од Ливерпул, Јирген Клоп и клубот од Енфилд свртија нов лист после поразот од Реал Мадрид во финалето од Лигата на Шампиони и доведоа нов фудбалер во името на Бразилецот Фабињо.
24-годишниот фудбалер со „црвените“ потпиша договор до јуни 2023 година, а официјално на соиграчите ќе им се приклучи од 1 јули кога се отвора летниот преоден рок.
Бразилецот кој за Монако настапи на 225 настапи и постигна 29 голови треба да биде замена за Емре Чан кој без оштета најверојатно ќе го засили италијанскиот клуб Јувентус.
Ливерпул за трансферот на Монако ќе му исплати 43 милиони евра плус дополнителни бонуси во текот на петгодишниот договор.
Во текот на летниот преоден рок се очекува офанзива од Ливерпул за нов голман, офанзивен и одбранбен фудбалер кој недостасува во последната линија.
OhridNews