Екипата на Енфилд поточно првиот човек на „црвените“ преку телефон му соопштил на Брендон Роџерс дека е разрешен од функцијата менаџер што не е правопропорционално со големината на клубот.


Роџерс шут карта од Ливерпул доби по ремито со Евертон во градската пресметка на „Гудисон парк“ кој заврши без победник 1-1.

Но, ремито не е причина за отказот туку слабата игра на почетокот од оваа и цела мината сезона и многуте пари фрлени на играчи кои не ги оправдаа очекувањата.

Сепак, со Роџерс на клупата фудбалерите на Ливерпул сезоната 2013/14 беа најблиску до освојување на титулата во Премиер лигата која чекаат повеќе од 20 години.

Медиумите веднаш го поврзаа со ангажман во шпанска Малага, а за негов наследник најсериозен конкурент е германскиот стручњак Јирген Клоп.

Мх.П.