Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по чисти и наместа влажни коловози во пониските делови. Забавено одвивање на сообраќај се очекува на планинските превои и повисоките места, поради влажните и лизгави коловози и наместа остатоци од снег. Поради ниските температури и влажноста на коловозите, можна е појава на голомразица.

На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење по влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. АМСМ ги потсетува возачите дека од 15.11.2011 на сила е законска обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година.

OhridNews