Еден производител на слатки работи од Остин, Тексас, поднел барање за патент за производство на лижавчиња со вкус на мајчино млеко. Компанијата „Лолифил“ во соработка со група жени развила лижавче кое има вкус на мајчино млеко, но не содржело млеко на доилки бидејќи бил вегетаријански производ, односно било произведено без никакви состојки од животинско потекло.

Лижавчињата, со тркалезен облик и најразлични бои, веќе се продаваат по цена од 10 долари за паковање од четири парчиња и 24 долари за паковање од 12 парчиња.