Охридскиот Лајонс клуб – Десарети заедно со своите колеги од ЛК Тарики Рпкапи Истанбул, го посетија Основното училиште „Братство Единство“ Охрид.

При заедничката посета, која ја потврди нивната долгогодишна соработка, посебно внимание им беше обратено кон учениците со посебни образовни потреби, на кои им беше врачен скромен подарок.

Инаку, години наназад ЛК „Десарети“ дава помош и поддршка на учениците со посебни потреби кои учат во ОУ „Братство Единство“ – Охрид.

OhridNews