Членките на зактивот на жени при Здружението на пензионерите од општината, вчера имаа можност да минат неколку часа во едукативна прошетка низ стариот дел на Охрид, што ја организираше лајанс клубот „Лихнидос“.

Под водство на проф. Д-р Зоран Тунтев, експерт за туризам и професионален водич тие ги разгледаа културно историските знаменитости на градот, а ги посетија и работилницата за изработка на стара хартија, музеите и позначајните духовни храмови.

Интересот за оваа иницијатива на ЛК „Лихнидос“ кај пензионерките беше огромен, а тие посакаа вакви активности да има почесто.

OhridNews