Локален форум „Улогата на жените претприемачи во развојот на туризмот” утре ќе се одржи во Охрид.
Форумот е во рамки на проектот Националната платформата за женско претприемништво кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување.
Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП), произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба на женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја, информираат организаторите.
Додаваат дека главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
OhridNews












