Пожарот што деновиве повторно избувна кај селото Радуч на планината Јабланица, е локализиран соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Заклучно со вчерашниот ден во Македонија активни беа 8 пожари во општините Тетово, Македонски Брод, Кочани, Чашка, Новаци и Гевгелија каде огнената стихија е ставена под контрола.