Екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, го локализираа пожарот во Дебело поле, охридско, што избувна вечерва. Гореше поголема површина на трска, а интервенирано е со четири противпожарни возила.
Пожарот е локализиран и ставен под контрола. Сега се работи на негово целосно елиминирање. Зафатена е површина со трска и ниска вегетација, а населените места и куќи во околината не се во опасност. – информираат од ТППЕ Охрид.
Како што веќе пишуваше OhridNews, не е прв пат пожар да избие во овој реон. Главен причинител е човекот, односно невнимателност или палење стрништа.
Г.М.
Фото: Архива OhridNews