Пожарот што попладнево избувна над село Лешани, Општина Дебрца, е локализиран, информира градоначалникот на Оптина Дебрца Зоран Ногачески.
Благодарение на брзата интервенција на месното население,ТПП Охрид, ШС Галичица, општинската механизација, локализиран е пожарот во Лешани. Уште еднаш апелираме за крајна внимателност – напиша градоначалникот Ногачески на официјалниот Фејсбук профил.
Во Македонија веќе неколку дена беснеат пожари на повеќе локации. Особено критична е ситуацијата на истокот од земјата каде активни се неколку големи пожари во чие гаснење освен нашите пожарникари учествуваат и повеќе противпожарни екипи од Република Бугарија и Словенија, како и хеликоптери од Република Србија, кои заедно со македонските колеги огнот го гасат од воздух.
OhridNews
















