
„Заслужува секаква честитка доблесноста на младите сограѓани – членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид што се огласија денеска во јавноста.
Крај таквата честитка за нивната доблесност што почувствуваа потреба да ОБЈАСНАТ и да се ОПРАВДААТ за својот потег направен на празникот Богојавление, само мала корекција: Тие не демантираат, туку даваат ДОЛЖНО ОПРАВДУВАЊЕ!
Мора да се признае, и тоа е напредок во политичката култура и вреднувањето на поимите: ПРАЗНУВАЊЕ и ПАРТИСКА активност“, се вели во соопштението за јавност потпишано од портпаролот на општината, Никола Маневски.












