– Ќе постапиме според задолжувањата на советот, и преку правниот тим при локалната и адвокатите ќе бараме времена мерка за прекин на стопанисувањето. Што се однесува на договорот за потесното градско подрачје, кој еднострано беше раскинат од страна на локалната самоуправа пред три дена, можам да кажам дека се почитува и во овој дел од градот сега не се наплаќа за паркирање, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.
Како што најави градоначалникот, на наредната седница на советот на општина Охрид паркинзите ќе бидат предадени во владение на ЈП Билјанини извори кое ќе биде обврзано да донесе план за менаџирање со паркинг просторот.