Во организација на Општина Охрид, Црвен крст, претставници на бизнис заедницата и Јавните претпријатија, утре на 21 мај ( среда ) , пред општинската зграда ќе биде отворен  пункт за собирање помош за настраданите подрачја во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

Предвидено е во 12 часот и 30 минути, градоначалникот Никола Бакрачески,  претставниците на бизнис заедницата и Јавните претпријатија, да ја предадат помошта на претставниците на Црвен Крст,  а на пунктот, кој ќе биде отворен од 9 до 16 часот , помош можат да донираат и граѓаните на Охрид.

OhridNews