
-За разлика од СДСМ која распишуваше огласи за конкретни лица најчесто од матичната партија, сегашната локална власт објавува огласи за вработување на лица кои се стручни, компетентни и можат да допринесат во креирањето на подобра иднина за Охрид. Тоа значи дека по спроведување на целокупната законска процедура за вработување и исполнување на конкретни услови, најчесто бројот на објавени огласи не се поклопува со бројот на идните вработени лица. До моментот на доделување соодветни решенија за вработување општина Охрид нема да шпекулира со бројот на вработени или со нивните политички ориентации и ги замолува охридските социјал- демократи да се воздржат од своите испади на оваа тема, пишува меѓудугото во соопштението од општина Охрид.
Во него се тврди дека во Локалната самоуправа ќе има место единствено само за оние лица кои низ законска постапка ќе ги покажат личните квалитети и способности за конкретното работно место без притоа изборот да биде поврзан со бројот на извршители баран на огласот.
На прес конференцијата на СДСМ, преку соопштение попладнево регираа и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
-По личните видувања и коментари изнесени на денешната прес-конференција, охридските социјалдемократи заборавија да кажат дека во периодот пред и за време на минатите локални избори со сомнителни договори за вработување преку ноќ во општина Охрид работно ангажираа околу 300 партиски лица, заради што веќе одговараат и пред надлежните државни органи. Социјалдемократите заборавија да кажат дека ги оставија на улица и не им ги исплатија заработените плати на лицата кои работно ги ангажираа во градинките и училиштата, а кои денес ги исплатува раководството на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Во него се потенцира дека денес СДСМ си дозволи да го критикува легалниот начин на вработување во општина Охрид кој го воспостави раководството на ВМРО-ДПМНЕ со што по долги години општината ги отвори вратите за стручни и компетентни лица кои треба да ги минат правните и законски постапки до евентуално вработување, а заборави да каже дека во нивно време на незаконски начин по основ на роднини и пријатели се вработуваа луѓе кои беа плаќани од општинскиот буџет за недоаѓање на работа.
OhridNews











