Како што инфрмира секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, оваа мерка е преземена затоа што при разгледувањето на претходно склучениот меморандум за соработка помеѓу локалната самоуправа и СОНК, било утврдено дека одлуката за плаќање на овие трошоци била донесена без да се направи соодветна анализа и да се обезбедат средства во општинскиот буџет.
– Таа привилегија за наставниците времено ќе биде стопирана, од причина што во рамки на платите кои им се исплаќаат пресметан е износ за покривање на патните трошоци. Ги разбираме нивните барања, но и тие мора да го разберат ставот на локалната дека ние како општина не можеме да дозволиме луксуз да се прават нереални трошоци, да се плаќаат износи кои не се предвидени со буџетот. Во текот на летниот период ќе се водат преговори со СОНК и од наша страна ќе се согледа дали има реална потреба за учество на локалната самоуправа со одреден процент во подмирувањето на овие трошоци. Ако има потреба, за таа цел ќе се предвидат средства во општинската каса, за да не бидеме во ситуација како сега- да имаме долг кон операторот, на кого и покрај договорот не му биле исплаќани фактурите за извршениот превоз, изјави Спасески.