Од локалната не откриваат колку од директорите до денес поднеле оставка, освен дека некои од нив тоа го направиле во текот на неделата, а не се знае колку уште оставки ќе пристигнат по пошта.
Дел од директорите за OhridNews само со коментар дека е неправедно работењето на сите образовни институции да се оценува еднакво и дека јавноста е сведок кој колку сработил.
– Зад нас стојат бројни остварени позитивни резултати и освоени награди на државни и меѓународни натпревари .Но, ако се бара од нас да поднесеме оставка, а при тоа не ни се дава избор, тоа и ќе го направиме, велат тие.
Оставките следат по јавно искажаниот став на градоначалникот Никола Бакрачески и локалната самоуправа дека состојбата во образовните институции во општина Охрид е лоша, поставена на несоодветни основи, со голем број нерасчистени состојби и финансиски дубиози кои го опртеретуваат функционирањето на образовниот систем во општината.
– Морален чин на секој одговорен човек во општеството, е при лоши резултати, самиот да има доблест и да поднесе оставка на својата функција. Тоа е чин кој не треба да биде изнудуван, туку одговорно и етички секој треба да го применува кога резултатите се под очекувањата на граѓаните-изјави градоначалникот Бакрачески.