Општинскиот Црвен крст од локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески добил ветување дека годинава ќе биде решен проблемот околу функционирањето на Центарот за спасување на вода во Охрид.
– Градоначалникот вети дека прашањето со Центарот за безбедност на вода ќе биде решено во текот на оваа година, до почетокот на летниот период. Сакам да изразам задоволство и се надевам дека тоа ќе се реализира. Се надевам дека сите спасители и оперативци кои работат на проблемот на безбедноста на вода ќе бидат удомени во центарот за да може оперативата на Охридското езеро и на брегот да биде во полна активност, не само во летниот период, туку и преку целата година.Тоа го заслужуваме како Црвен крст затоа што сме посветени на таа проблематика,вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.
Иницијативата за функционирање на Центар за безбедност на вода постои веќе десеттина години.Еден од најголемите проблеми беше одредувањето на соодветна локација на која би се сместил центарот.
Т.К.