– Иако е предизборна година и многу градоначалници не штедат пари за носење ѕвезди на кои ќе им платат и по 40 или 50.000 евра за настап од половина или еден час, кај мене тоа не поминува. Ние повторно, како минатите години, ќе организираме скромен и весел дочек, со што повеќе охридски ѕзвезди, бидејќи за мене најголеми ѕвезди се оние од Охрид, вели градоначалникот Петрески.
При дочекот на 2012 на градскиот плоштад присуствуваа десеттина илјади охриѓани и гости. Нив ги забавуваа Ѓоко Танески, Влатко Илиевски и други музички уметници.
Инаку, украсувањето на градот со новогодишни украси веќе започна. Од локалната самоуправа објаснуваат дека се користат украси од минатите години, а набавени се и нови. Целта е во новогодишно руво да блеснат и периферните делови од градот, а не само централното градско подрачје.