Во тек се преговорите помеѓу локалната самоуправа и министерството за одбрана кое е сопственик на земјиштето и објектот од некогашната касарна во Охрид, локација на која како што беше веќе претходно најавено во неколку наврати, ќе биде искористена и за задоволување на просторните потреби на универзитетот „Св. Апостол Павле“.
– Постапката е во тек, преговорите со министерството за одбрана продолжуваат и е започната процедурата за преземање на дел од просториите и земјиштето од касарната . Се надевам дека преговорите наскоро ќе привршат и дел од тој имот ќе биде преземен од страна на локалната самоуправа, кој потоа ќе биде искористен во зависност од плановите за најсоодветно искористување на тој дел од градот, рече Бакрачески.
OhridNews