Од локалната самоуправа изразуваат задоволство од изработеното идејно решение за изградба на најавениот Дом за стари лица во населбата Даљан.

Во текот на минатата недела го добивме идејното решение за Домот за стари лица и сме задоволни од она што го направиле архитектите најмени од страна на инвеститорот кој се надевам дека ќе се придржува до рокот и дека годинава ќе започне изградбата на објектот, рече Бакрачески.

Како што е познато Домот за стари лица ќе го гради градежната компанија АД „Илинден“ од Струга.  До јуни инвеститорот треба да добие одобрение за градба што значи дека во меѓувреме инвеститорот  мора да ја  прибави потребната проектна документација. По правосилноста на одобрението за градба , зависно од бруто развиената површина инвеститорот е обврзан за 2 односно 4 години да го изгради објектот. Домот за стари лица  е предвидено да има приземје, четири ката и поткровје, ќе се гради на површина од 8 425 метри квадратни.

OhridNews