Иницијативен одбор на локални и регионални електронски медиуми со седиште во Битола ја поддржа иницијативата на Владата и премиерот Зоран Заев за укинување на членот 102 од Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.
По денешниот состанок во соопштение до јавноста Иницијативниот одбор истакна дека локалните и регионалните елеткронски медиуми во целост ја поддржуваат иницијативата на МИОА за укинување на членот 102 за да може медиумите да склучуваат договори за деловна техничка соработка со јавни претпријатија, општини и слично, во делот на нивната транспарентност и спроведување на нивните одлуки како што се седниците на управни одбори, на општински Совети и други тела.
Локалните и регионалните електронски медиуми по денешната средба во Битола посочија дека не ги поддржуваат заклучоците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) и сметаат дека истите се донесени без да се консултираат регионалните и локалните медиуми и медиумски работници и на нивна штета.
Со воведувањето на членот 102 локалните и регионалните медиуми се најдоа во исклучително тешка ситуација, бидејки ниту општините ниту јавните претпријатиа имаа можност да склучуваат договори за деловно- техничка соработка со локалните и регионаните медиуми, и затоа тие медиуми се најдоа во исклучително тешка финансика и материјална ситуација, а добар дел од нив се наоѓаат пред гаснење, се наведува во соопштението на иницијативниот одбор кој го поддржува владиниот предлог за бришење на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизулени медиумски улуги.
OhridNews