Според првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисјја – ДИК, во Општина Дебрца во водство е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ Златко Силјаноски со 821 глас пред независниот кандидат и актуелен градоначалник Зоран Ногачески кој има 287 гласа.
Неизвесно е во Општина Струга каде во вториот круг минимално водство има Арсим Далипи од НАИ со со 9085 гласа пред независниот кандидат Менди Ќура поддржан од владејачките партии ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ ској има 9032 гласа.
Во Кичево во водство е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Александар Јованоски со 8350 гласа пред Фатмир Дехари со 6308 гласа.
Г.М.












