Во организација на Локалниот клуб на жени од СДСМ Охрид, по повод меѓународниот ден на жената 8-ми Март, денес напладне ќе биде организиран „Маршот на жените низ Охрид“, со што уште еднаш пред охриѓани ќе биде истакната и потенцирана значајната улога на современата жена во сите сфери на општественото живеење во Охрид, соопшти партиската прес служба.

ОО на СДСМ Охрид на сите припаднички на понежниот пол во Општина Охрид да им го честита 8-ми Март, денот на жената, со искрени желби нивното секојдневие да биде исполнето со многу љубов, разбирање, среќа, задоволство, семејна хармонија и добро здравје.