Локалниот совет на млади вчера ја оддржа 2-та редовна седница по однапред утврден денвен ред.

Во текот на седницата беа разгледувани пристигнатите идеи од акцијата за собирање идеи под мотото „Моја идеа за мојот град, да биде вечно млад“ и истите им беа распределени на работните групи, кои во иднина треба да ги разработат и така разработени да ги предадат на разгледување до градоначалникот кој ке изврши селекција.

Одбраните проекти од страна на градоначалникот ќе бидат составен дел од програмата за работа на Локалниот младински совет.

Инаку, акцијата за собирање на идеи, предлози, мислења наиде на голем одзив кај маладите, а како доказ за тоа е и големиот број на пристигнати проекти.

OhridNews