Првиот круг од локалните избори, спикерот Вељаноски ќе го закаже за 24-ти март, пренесува „Дневник“.

Согласно законските регулативи, локалните избори треба да се одржат во втората половина од месец март. Откако ќе биде објавен датумот, партиите и официјално започнуваат да ги номинираат своите кандидати. Конечната листа треба да се објави најдоцна 25 дена пред почетокот на изборите.

Сепак, Вељаноски официјалната одлука ќе ја соопшти во петок.

OhridNews