
Во извештајот се констатира дека 35 од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи вршат реемитување на сервиси спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, без дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги , туку со дозволи од други држави.
Агенцијата констатира дека во дозволата за телевизиско емитување на овие програмски сервиси не е наведено дека може да се реемитуваат во српска верзија како што се практикува од страна на 35 оператори. Со решението од 27 јануари сите оператори се опоменуваат и се бара да се исклучат наведените програми.
Агенцијата ќе изврши надзор, и како што се наведува доколку не се постапи по барањето ќе поведат прекршочни пријави.
OhridNews











