Во исклучително борбен и на моменти нервозен натпревар “Илинденци“ минимално со велемајсторскиот погодок на В.Ѓоршески го совладаа Охрид нанесувајки му го првиот пораз сезонава .
 
Двете екипи претпазливо влегоа во натпреварот повеќе размилсувјки за сопствениот отколку за противничкиот гол.Од “анемичното“ прво полувреме за издовјување е ударот на Тасески кој заврши над голот на Абди.


Локалното дерби за Илинден

По советите на полувремето како две сосема нови екипи да истрчаа на теренот. Желбата за победа присутна кај фудбалерите ,го направи натпреварот подинамичен но и по нревозен.Првата прилика за погодок домашните ја има преку Клечкароски кој со глава биеше покрај голот .Нешто подоцна И. Ѓорешески се најде во изгледна позција но премногу чекаше и шансата пропадна .Најубавиот момнет на натпреварот го видовме во 55 мин.По прекршокот над Мурџоски на работ на казнетиот простор најдобриот на теренот В.Ѓоршоски испрати “проектил“ кој отседна во левиот горен агол од  мрежата на Карамачоски за водство и делирум на трибините.


Ѓоршески им ја донесе победата на велмешани

Голот уште повеќе ја распламти играта, а се погоелми беа искрите на теренот.Судијата Илиевски со серија жолти картони се обиде да ја смири тензијата .


на теренот беше тензично

Охриѓани се отворија и најблиско до погодок беа преку Атај но неговиот удар од самата гол линија го исфрли Митревски ,„ гостите“ продолжија да напаѓаат но неможеа да го најдат патот кон мрежата. Крај на сите дилеми околу конечниот победник на десетина минути пред крајот можеше да стави Клечакроски но Карамачоски го остави Охрид во игра.Не оставија ништо на случајност Илинденци и со рутинирана игра до крајот го совладаа Охрид прекинувајки им ја серијата без пораз .


судијата на маки

  Картонијада на Илиевски ! ! !

Судијата Илиевски покажа 10 жолти по пет на домашните и пет на гостите.Поради неспортски однос на трибините беа “преселени“ преставникот на домашните Крсте Кузески  и тренерот на голманите кај гостите Благоја Буџакоски.

текст: Мирко Постоловски
фото: Васко Бујароски