Советот на општина Охрид на седницата закажана за денеска, ќе се изјасни по предлог одлука за подигање спомен обележје посветено на празникот Богојавление – Водици.
Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, информираше дека локација на која ќе биде подигнат споменикот ќе биде утврдена откако ќе се распише конкурс и ќе се избере идејно решение.
– Може тоа да биде споменик кој излегува од вода, но може да биде и на копно, затоа сега не можеме да донесеме одлука за локација каде ќе биде подигнат споменикот. Сепак сметам дека тоа е формалност затоа што сум убеден дека сите советници ќе гласаат за иницијативата.иистакна градоначалникот Петрески.











