Кои ќе бидат противниците на македонската кошаркарска репрезентација на патот кон Лондон 2012 година ќе биде познато по вечерашната ждрепка (22.30 минути) во Каракас, Венецуела.

Квалификациискиот турнир ќе се игра од 2 до 8 јули во. Дванаесет земји ќе играат на на турнирот од кој само најдобрите три ќе се најдат на Олимписките игри.

Во првиот шешир се европските селекции: Македонија, Грција, Русија и
Литванија, што значи дека во првата фаза неможе да играат меѓу себе. Во
вториот Порторико, Доминиканската Република, Нов Зеланд и
домаќинот Венецуела, додека во третиот шешир 
Ангола, Нигерија, Јордан и Јужна Кореја. 

Прво треба да се освои прво или второ место во групата во која ќе има три тима. Потоа следува четврт-финале со првиот или вториот од соседната група. Ако и тоа го минеме, ќе се игра полуфинален дуел. Победа во полуфинале значи пласман на ОИ, а поразените играат дуел за трето место, па победникот ќе биде третиот квалификант кој ќе се најде во Лондон.

М.П.