Лондонските екипи Челси и Арсенал го водат орото на табелата во Премиер лигата, откако забележаа победи над Хул (2-0) односно Барнли (2-1) во 22-та рунда од шампионатот.
„Сините“ со головите на Диего Коста и Гери Кејхил лесно ги скротија „тигрите“ и го зголемија бодовното конто. „Топчиите“ со погодокот од пенал од Алексис Санчез во судиското продолжение го совладаа Барнли кој пружи солиден отпор на Емирати.
Во пресрет на мечевите во Лондон тимот на Саутемптон со 3-0 го совлада актуелниот шампион, Лестер и се искачи на средината од табелата.
OhridNews