Лондоските ривали Тотенхем и Челси ќе се сретнат во финалето од Капитал купот кое ќе се одигра на Вембли.


„Петлите“ на гостувањето во Шефилд ремизираа 2-2 и успеаја да ја задржат предноста од првиот натпревар (1-0) и со вкупни 3-2 да се пласираат во финалето.


Таму веќе пласман обезбеди Челси, кој со вкупни 2-1 го елиминираше тимот на Ливерпул во полуфиналниот двомеч.

Минатата година трофејот од англискиот лига куп го освои Манчестер Сити, а оваа сезона пехарот со сигурност ќе заврши во Лондон, но прашање е на која страна.

Мх.П.