Триото од Челси, Цеск Фабрегас, Алваро Мората и Маркос Алонсо и членот на Арсенал, Хектор Белерин не го поминаа последниот рез од селекторот Жулен Лопатеги и нема да бидат дел од „црвената фурија“ на Мундијалот во Русија.

Мората и Фабрегас немаа сјајна сезона во дресот на Челси, наспроти Алонсо кој беше стандарден и констатен. Белерин се вклопи во сивилото на Арсенал и неговото отсуство помалку е и очекувано. Место во селекцијата на Шпанија имаше за Андрес Иниеста кој замина од Барселона и за Давид Силва кој ги надмина приватните проблеми.

Шпанија на Светското првенство во Русија силите во групата ќе ги одмери со Португалија, Мароко и Иран.

Составот:

Голмани: Кепа Аризабалага, Давид де Хеа, Пепе Реина

Одбрана: Дани Карвахал, Алваро Одриозола, Серхио Рамос, Жорди Алба, Жерард Пике, Начо, Начо Монреал

Средина: Серхио Бускетс, Саул Нигез, Коке, Тијаго Алкантара, Андрес Иниеста, Давид Силва, Марко Асенсио, Лукас Васкез

Напаѓачи: Иаго Аспас, Родриго Морено, Диего Коста

OhridNews