Диего Лопез во најскоро време ќе го напушти Реал, тврди Марца. Весникот кој секогаш е добор информиран за случувањата во ’кралскиот клуб’, тврди дека Лопез мора да си оди откако клубот го договорил трансферот на Костариканецот Кејлор Навас.

Инаку, Лопез во Реал пристигна во јануари минатата година, кога Касиљас беше повреден. Под водство на Мурињо Лопез стана стандарден на голот на Реал, а во минатата сезона кај Карло Анчелоти бранеше во првенството, додека Касиљас беше на голот на натпреварите од шпанскиот Куп и Лигата на шампиони.  Интерес за Диего Лопез покажува Монако, а како потенцијални дестинации се споменуваат и екипите на Наполи, односно Челзи.

Лампард во Сити !?

Френк Лампард, легендата на Челзи, оваа сезона сепак ќе игра во Премиер лигата, пренесува Гардијан. Лампард неодамна потпиша договор со Њујорк, клуб кој се наоѓа во сопственост на Манчестер Сити, но кој на американската лига ќе и се приклучи во март 2015 година. Лампард, како што пренесуваат англиските медиуми, следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен играч во Манчестер Сити.

Њујорк, нај првин сакаша Лампард заедно со Давид Виља да замине на позајмица во Мелбурн, но тој ја одбил таа понуда. Желба да го ангажира Лампард имал менаџерот на Квинс Парк Ренџерс, но поранешниот англиски репрезентативец се решил за Манчестер Сити.