Без голови и без победник заврши дербито на колото во англиската премиер лига меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед.
Виновници за возбудливото реми без голови се голманите Хуго Лорис односно Давид де Геа кои имаа неколку маестрални интервенции.
„Ѓаволите“ во првиот дел беа поблиску до погодокот, но Робин Ван Перси, Радамел Фалкао, Вејн Руни, Ешли Јанг и Мата не успеаја да го погодат целта.
Во вториот „петлите“ ја контролираа играта и имаа неколку шанси, но и тие не го пронајдоа патот до противничката мрежа.
Со бодот Јунајтед на третата позиција ќе ја заврши 2014 година додека пласманот на Тотенхем ќе зависи од останатите мечеви од 19-та рунда во Премиер лигата.
Мх.П.