На мечот меѓу младинците од Селтик и Валенсија во Лигата на Шампиони фудбалер од гостинската екипа имаше (не)успешна глума за Оскар. Имено, во последната минута од судиското продолжение Давид Пасквал падна како покосен иако на радиус од еден метар немаше противнички фудбалер. Да биде трагедијата поголема главниот судија наседна на лошата глума и досуди фаул за „лилјаците“.
OhridNews










