Името на Рожер Федерер по цели 14 години ќе недостасува во ТОП 10 листата на тенисери која се обновува секој месец во годината.
Швајцарецот падот на листата го бележи поради повредите кои го оттргнаа од тениските терени од Вимболдон наваму.
Последен пат, Федерер во ТОП 10 недостасувал во јуни 2002 година, кога беше на почеток од неговата богата кариера.
17-кратниот победник од Гренд слем турнирите најмногу дури 302 недели се има задржано на првата позиција на ААТП листата, што се уште претставува рекорд во белиот спорт.
Федерер иако има полни 35 години се уште го нема кажано последниот збор во професионалниот тенис и макотрпно работи да се врати на терените.
OhridNews