Премиерлигашот Лестер објави дека напаѓачот Џејми Варди ќе мора да ги оперира препоните, поради што ќе отсуствува од терените помеѓу една и две недели.
Варди, од почетокот на сезоната игра во неверојатна форма, тој е лидер меѓу стрелците во Премиерлигата со 15 постигнати голови.
Според клупските прогнози, поради операцијата Варди, ќе го пропушти само натпреварот со Тотенхем во ФА купот, а треба да биде во тимот за првенствениот дуел со истиот противник на 13.јануари.
Инаку, Варди, во саботата го одигра целиот натпревар за Лестер кој против Бурнмаут одигра без голови.
Ohridnews











