Вработени при Работна механизација од јавното претпријатие „ Охридски Комуналец” по налог на комунална инспекција вршеше расчистување на дива депонија на ул. „Петрино” после објектот на „Дооел Евергрин енерџи”. Подигнати беа големи количини на градежен, градинарски, кабаст и комунален отпад.

Како и останатите во Охрид и околината, и оваа депонија е направена од страна на несовесни граѓани кои и покрај бројните апели градежниот шут го одлагаат каде ќе стигнат, а не на места одредени за таа цел.

OhridNews