Бројните апели и едуцирање на најмладите уште во градинка дека отпадот треба да се фрла во корпа за отпадоци, очигледно не допираат до секого.

Лошата навика на поединци да го фрлаат отпадот каде ќе стигнат присутна  е и понатаму, при тоа нагрдувајќи ги природните убавини на градот и околината.

Расфрлани лименки и пластични шишиња можат да се приметат и покрај Мостот на желбите, каде секојдневно минуваат голем број гости кои ја посетуваат една од најатрактивите локации во Охрид и околината, населбата Канео.

OhridNews