Лидерот на табелата, Челси ја зголеми победничката серија на 11 мечеви во Премиер лигата, совладувајќи го Кристал Палас (1-0) на Селхурст Парк.
Човек на одлуката на мечот одново беше „лошото момче“, Диего Коста. Шпанецот со 13-от гол сезонава донесе значајни бодови за „сините“ во борбата за титулата.
Со овој триумф фудбалерите на Челси се одлепија девет бодови од конкурентите Арсенал и Ливерпул кои имаат по натпревар помалку.
OhridNews