Да се биде препознаен и вреднуван за својата работа е навистина голема мотивација, но и обврска за понатаму, рече Елена Лотеска Наумовска, генерален менаџер на бродот „Армада“ од Охрид во обраќањето на доделувањето на наградата за најуспешните жени менаџери од земјава и регионот во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ која годинава Агенцијата „Марили“ традиционално ја организираше по 29-ти пат.
Оваа награда не е само моја – таа е резултат на заеднички труд, поддршка и верба од моето семејство, мојот тим и сите што беа дел од овој пат. Ќе продолжам со уште поголема посветеност, инспирација и одговорност. Ви благодарам уште еднаш од срце, порача Лотеска Наумовска.
За лауреатки беа прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд. Сите претходно беа препорачани од нивни колеги и соработници и доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности.
Годинава беа наградени и добија статуетка „Жена водилка“ 13 менаџерки од кои 11 од Република Македонија, една од Србија и една од Хрватска.
Манифестацијата беше збогатена и со прекрасните музички изведби на младата виолончелистка Ада Богоевска, придружувана на пијано од Марија Богоевска, како и изведба на младата и успешна оперска певица, сопранот Ева Живковска и уметничкиот соработник Дарко Мариновски.
OhridNews