Магичната арома на чаевите „Љубовен напиток“, „Турско јаболко“, „Бaдемов колач“ и „Jасмин“, прекрасниот вкус на „Пролетниот чај“, „Ајурведскиот чај од ѓумбир“ и „Роибос чајот со портокал и еукалиптус“, како и познатите лековити својства на чаевите „Kukicha“, „Bancha“, „Pu Erh“ отсега ќе може да се почуствуваат и во Охрид, благодарение на новотворената продавница за здрава, храна, чаеви и додатоци „Лотос Вита Чи“.

-„Лотос“ е совршена убавина, „Вита“ е живот, а „Чи“ е животна енергија, што значи дека самото име на оваа продавница го покажува она што таа го нуди. Ова не е класична продавница, повеќе би се именувала како место каде што луѓето ќе може да го почуствуваат мирисот на зелениот чај, мирисот на пупките од роза од многуте комбинации на зелени,црни, роибос и овошни чаеви. Ќе го почуствуваат мирисот на бон чоколадото и сушениот кокос, кој ќе го освои и најпребирливиот вкус, вели Весна Петровска, сопственик на „Лотос Вита Чи“.

Освен широката палета на ексклузивни чаеви од плантажите на Кина, Јапонија и Јужна Африка кои ги произведува познатиот светски бренд „Dethlefsen & Balk“, а во Македонија се продаваат под името „La Cha“, „Лотос Вита Чи“ на својата понуда ги има и речиси сите лековити и класични чаеви од нашето поднебје, како и голем број овошни, медицински и магистрални чаеви.

-Чаевите се богатство во кое е содржана вредноста на земјата, воздухот, животната енергија на сонцето. Само во една тревка, само во еден нејзин лист или една пупка е содржана мистеријата и вечноста и на универзумот. Богатството на витамини, минерали, антиоксиданси во само една капка чај, буквално значат живот. За да ја приближиме културата и практиката на козумирање на чај, како и да ги доближиме неодоливите вкусови и лековити својства на ексклузивните чаеви кои ги нудиме, секојдневно во нашата продавница се врши дегустација на одреден вид на чај, вели Петровска.

Со цел да се надополни вистинското уживање во благодатите на чајот „Лотос Вита Чи“ на своите купувачи им нуди и голема понуда на уникатни садови и додатоци за послужување на чај, како што се шољи, чајници, тајмери, кутии за чување на чај, кои исто така ги произведува светскиот бренд „Dethlefsen & Balk“.

Покрај чаевите, во оваа продавница може да најдете и голема понуда на здрава храна, јаткасти плодови, сушено овошје, семиња, интегрален леб и пецива.

-Нека љубовта и доброто здравје доаѓа преку уста, затоа во контекст на тоа во „Лотос Вита Чи“ промовираме и здрава храна. Во самиот концепт на замислата е и производство на шејкови, салати и колачи, но сега започнуваме само со она што значи здрава храна. Во прв ред правиме едукација со давање на совети, рецепти како да ја приготвуваат храната фокусирана за одржување на оптималното добро здравје но и за некои одредени здравствени проблеми како што се опстипацијата, висок крвен притисок, дијабет, зголемени маснотии,зголемена телесна тежина, здраво и ефикасно слабеење и слично, појаснува Петровска.

„Лотос Вита Чи“ нуди и природни производи за убавина и нега.

-Нудиме производи од првата природна македонска козметика без парабени „La Soy“ каде буквално допирот, мирисот и негата на природата ќе се пренесе на вашата кожа преку природните сапуни, кремови, путерите за тело, масажни масла чија примарна улога е да ја поттикнат циркулацијата и со тоа да помогнат во елиминирањето на целулитот, пилинзи, млека, балзами и други препарати, вели Петровска.

Со цел да го доближи квалитетот на природната козметика до потрошувачите, „Лотос Вита Чи“ нуди и специјално подготвени акциски пакети кои најчесто се купуваат како подарок.

Продавницата „Лотос Вита Чи“ е лоцирана на улица „Дејан Војвода“, позади Охридска Банка и е отворена секој работен ден од 8 до 16 часот и во сабота од 9 до 14 часот.

Е.М