
При контролата по течението наЦрн Дрим на потегот помеѓу селата Враништа и Ложани, затекнато било лице од с. Враништа како се движи со недозволен риболовен алат – мрежа сертме, кое средство му е одземено од страна на рибочуварската служба и предадена на Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид за понатамошна судска постапка.
Одговорните лица на концесионерот на рибниот фонд во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ – ЗРСК Пастрмка од Струга и Државниот инспекторат за земјоделие (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид, апелираат до риболовците дека и во иднина ќе вршат строги контроли и дека нема да се толерира никакво отстапување од Законот, односно нема да се толерираат риболовци без риболовна легитимација и дозвола, а риболов со недозволен риболовен алат најстрого ќе се санкционира.












