Енфилд во името на Дејан Ловрен има нов јунак откако Хрватот го постигна погодокот вреден полуфинале на мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на Европа.


„Црвените“ со фантастичен пресврт во последните 25 минути од мечот обезбедија пласман меѓу најдобрите четири екипи.

– Не можам да опишам што чувствувам, ова е неверојатно. Натпреварот беше чуден, можеби и најдобар во последните две-три години. Победивме затоа што ниту еден момент не се предадовме и веруваме во себе. – рече Ловрен и додаде. – Лошо го почнавме мечот, но покажавме карактер, а најголема заслуга имаше публиката која ни даваше ветар во грб констатно.


Покрај англискиот премиерлигаш пласман во полуфиналето изборија шпанските екипи Севиља и Виљареал и Шахјтор Доњецк.

ЛЕ: „Црвените“ од работ на бездната до полуфинале (видео)

OhridNews