Песната „Кога мене ќе ме немаш“ на Влатко Лозаноски – Лозано е победник на Македонскиот радиски фестивал 2011. Тој вкупно доби најмногу гласови од домашните радиостаници и од публиката. Второто место го освоија Елена и Ламбе со песната „Најдобро до сега“, а трет беше Дарко Илиевски со песната „Да ти биде срам“.


Лозано победник на Македонскиот радиски фестивал 2011

OhridNews