Холандскиот гигант Ајакас и шкотскиот првак Селтик победувајќи ги Штурм (2-0) односно Розенборг (3-1) обезбедија солидна предност после првите одиграни натпревари во втората фаза од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.

Ајакс за неполн час игра ги реши дилемите постигнувајќи два погодоци, додека „детелините“ со пресврт стигнаа победата. Розенборг поведе со 1-0 во 15-та минута, а шкотите израмнија пред крајот на првиот дел. Во второто полувреме Селтик постигна два погодоци и ја завери победата.

Реванш натпреварите од втората фаза во квалификациите се следната недела во вторник и среда.

Резултати:

Бате Борисов – ХЈК 0-0

Кукеши – Карабах

Лудогорец – Види 0-0

Ајакас – Штурм 2-0

Селтик – Розенборг 3-1

OhridNews