Полни дваесет години поминаа од триумфот на Ајакс над Милан со 1-0 во финалето од Лигата на Шампиони одиграно во Виена. Ждрепката сакаше Ајакс повторно да допатува во Виена, но овј пат на гости кај Рапид, во третото квалификациско коло во Лигата на Шампиони.

На теренот во Виена, повторно истрча Франк де Бур, сега акуелен тренер на Ајакс, кој на тој меч го достигна врвот во својата професионална фудбалска кариера. – Добро се сеќавам на мечот, на сиот набој но и сето возбудување да се игра во финалето на Лигата на шампиони. Да погодокот падна на левиот гол – низ смеа рече Франк де Бур.

Ајакс е фаворит во мечот со Рапид а Франк Де Бур нема ништо против да се повтори резултатот од мечот со Милан. – Немам ништо против да победиме 1-0. Се освен секако пораз и реми 0-0, ќе ме направи задоволен. Сепак патникот во наредната фаза ќе се одлучи на ревашнот во Амстердам – истакна Де Бур.


Отворениот тренинг на холандскиот тим го проследи мала група на навивачи од Холандија. За мечот против Ајакс, продададени се 40 илајди карти, додека околу 800 холандски навивачи ќе го бодрат Ајакс во преполниот Пратер.


Мечот започнува во 21.05 часот, а се очекува да биде исполнат до последното место. Стадионот на кој Австрија ги игра квалификациските мечеви како домаќин има капацитет од 45.000 гледачи.