Тренерот на Пари Сен Жермен, Карло Анчелоти, во пресрет на реванш
четвртфиналниот меч на неговиот тим со Барселона, рекол дека неговите
играчи „се подготвени на сè“.

Првиот натпревар на овие два тима кој минатата недела се одигра во Париз
заврши со резултат 2:2, за пласман во полуфиналето на ПСЖ ќе му биде
потребна победа или нерешен резултат со многу погодоци.

„Подготвени сме да ја победиме Барселона на нејзин терен. Морам да се
одлучам за најдобрите 11, но не верувам дека ќе погрешам во изборот.
Мотивацијата е голема, сите сме уверени дека можеме да победиме што за
многумина е невозможно. Верувам во победа“
, рекол Анчелоти.

“Макфакс“