Англискиот првак Манчестер Сити пред своите гледачи го пречекува германскиот шампион Баерн Минхен во меч, кој е од исклучително значење за домаќинот.


„Граѓаните“ по четири одиграни натпревари во Лигата на Шампиони немаат победа, а за сеуште да ги остават во живот надежите за пласман во нокаут фазата мораат да го совладаа Баерн Минхен.

Во првиот натпревар одигран на „Алијанц арената“ со погодокот на Џером Боатенг во 90-та минута „баварците“ ги осигураа трите бодови.

Двојки :

Група Е : ЦСКА Москва – Рома (18ч), Мен Сити – Баерн Минхен

Табела : Баерн Минхен 12, Рома 4, ЦСКА Москва 4, Мен Сити 2.

Група Ф : АПОЕЛ – Барселона, ПСЖ – Ајакс

Табела : ПСЖ 10, Барселона 9, Ајакс 2, АПОЕЛ 1.

Група Г : Шалке – Челси, Спортинг – Марибор

Табела : Челси 8, Шалке 5, Спортинг 4, Марибор 3.

Група Х : БАТЕ Борисов – Порто (18ч), Шахјтор – Атлетик Билбао

Табела : Порто 10, Шахјтор 8, БАТЕ 3, Атлетик Билбао 1.

Мх.П.